Пол Ван Дајк доаѓа во Скопје

Еден од најголемите диџеи на сите времиња – неговото височество Пол Ван Дајк (Paul Van Dyk), на самиот старт на летото доаѓа во Скопје, дознава SkopjeInfo.mk

Изворите брифираат дека организатор на доаѓањето на светската диџејска ѕвезда е Авалон Продукција. Настанот планирано е да се одржи на Арената „Филип Втори“.

Пол Ван Дајк е германски диџеј, музичар и продуцент. Како еден од првите вистински суперѕвезди меѓу диџеите, Пол Ван Дајк е првиот уметник кој успеа да добие Греми номинација за новата, а сега веќе престижна категорија Најдобар албум за денес/електроника за неповторливиот „Reflections“ од 2003 година. Прогласен е за светски број 1 диџеј во 2005 и 2006 година, нешто што на малку диџеи му успеало досега. Со продадени повеќе од 5 милиони албуми низ целиот свет, Пол Ван Дајк е еден од најуспешните диџеи на сите времиња.