Поголеми плати за 2.880 денари ќе добијат и вработените во ЈП „Дрисла“

Oколу двесте вработени во јавното претпријатие „Дрисла“ ќе добијат повисоки плати.

-Со оглед на тешката економска и социјална положба, ценовните шокови и инфлацијата која ја чувствуваат граѓаните, а во насока на нашите заложби за поддршка на стандардот и заштита на економската моќ на вработените, директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски ќе предложи на Управниот одбор на јавното претпријатие носење на одлука за зголемување на платите“, се вели во соопштението на ЈП „Дрисла“.

Се додава дека, носењето на позитивна одлука од страна на Управниот одбор ќе значи линеарно покачување на платите за сите 190 вработени во претпријатието за 2.880 денари, почнувајќи од месец јули 2022 година.

Тоа би било прво покачување на платата за сите вработени откако функционира самото претпријатие.