Поголем дел од Карпош и дел од булевар Србија утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (четврток) поради промена на шпингла за затворач ф-350 мм (во непосредна близина на мостот “Обединети Нации„ ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Партизанска-крак 1, 3,5,9 и 11, потегот од ул. Московска до мостот “Обединети Нации„, улиците: Демир Трајко, Ванчо Мицков , Бриселска, Софиска, Стокхломска, Његошева, Копенхагенска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски.

Водоснабдувањето во АД Реплек ќе биде со намален притисок.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(Oпштина Карпош)

Од ЈП Водовод и Канализација додаваат дека утре- поради промена на затворач ф-80 мм на бул. Србија (во близина на мостот), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно индустриската зона.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.