Крајот на летото – Влада Урошевиќ
Photo by Zheka Kapusta on Unsplash
Затвори го ова лето во кутија од слама
во кула од песок во преграб од ветар
во чашка од мак
затвори го лесно
затвори го така за да може пак
да се јави некогаш кога си сам некогаш зиме
да се јави како мирис како заборавено име
како лековит знак