Подобрo од пролетната „генералка“ е генералното прочистување на вашиот ум

Сите се радуваме на сончевите зраци овие денови, но уште повеќе ни пречи што ни покажуваат каде сме пропуштиле да избришеме прашина или каде останало парче пајажина. 

Сето тоа и не е толку лошо, бидејќи можете да го завршите за неколку минути. Но, дали можете толку лесно да се ослободите и од лошите мисли, стресот и стравот кои се насобраа во вас изминатиот период?

Обидете се да водите дневник на своите емоции, за потоа да можете да ги детектирате промените и да го ресетирате својот ум, на следниот начин:

1.Запишете што треба да направите и  што мора да направите. Дури потоа преминете на она што сакате да го направите.

2.Утврдете зошто го правите секое од тие нешта. Запрашајте се дали воопшто сакате да ги правите.

3.Заклучете што од тоа е навистина важно и витално за вас, па направете листа на приоритети. 

4.Направете план за она што следи понатаму.

5.Правете ревизија секој ден на она што е ново во вашиот ум и комбинирајте го со веќе постоечките точки на листата.

Обидете се, реализацијата е полесна отколку што изгледаат овие упатства.