Во текот на вчерашниот ден подигнати се приближно 100 кубни метри од неколку диви депонии лцоирани во скопските општини Бутел и Чаир извести ЈП „Комунална хигиена“
„Подигнати се приближно 70 кубни метри отпад од обемната дива депонија лоцирана на улицата „Боца Иванова“, на последната станица на автобусот 59, во непосредна близина на Градските гробишта Бутел. Екипиите чителе и на улиците „Прохор Пчињски“ и „Струмичка“ во општината Чаир, каде се отстранети 30 кубни метри непрописно одложен отпад“, се вели во соопштението.
Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден.