
Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, неколку локации во скопските општини Петровец и Кисела Вода утре, среда, ќе останат без струја во различни временски интервали, соопштија надлежните служби.
Во општина Петровец, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат делови од ул. 1, ул. 5, како и Киппер маркет. Исклучувањето ќе биде во периодот од 08:00 до 15:00 часот.
Во општина Кисела Вода, односно во населеното место Драчево, без струја ќе останат корисниците лоцирани на ул. Ваташа.
Прекинот на оваа локација е предвиден од 09:00 до 14:00 часот.