Подгответе меки колачиња од кокос - се топат во уста

Се приближува викендот, а викендот не е викенд ако не уживаме во слатки задоволства.

Ви предлагаме, да подготвите колачиња од кокос кои се топат во уста. 

Потребно ви е:

-1 ¼ шолја универзално брашно

-½ лажичка сода бикарбона

-¼ лажичка сол

-½ чаша путер

-½ чаша кафеав шеќер

-½ шолја бел шеќер

-1 јајце

-½ лажичка екстракт од ванила

-1 ⅓ шолји кокос

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови. Комбинирајте го брашното, содата бикарбона и солта заедно во средна чинија и ставете ја чинијата на страна.

Изматете го путерот, кафеавиот шеќер и белиот шеќер заедно во голем сад со електричен миксер додека не се изедначи. Додадете го јајцето и ванилата и матете додека не стане светла и мека хомогена смеса. Постепено измешајте ја смесата со комбинацијата со брашно, а потоа измешајте го и кокосот додека убаво не се соедини.

Спуштајте парчиња од тестото со лажички на неподмачкани листови хартија за печење, оддалечени околу 3 центиметри.

Печете во загреана рерна додека не поруменат, околу 8 до 10 минути. Оставете колачињата да се изладат кратко на плехот пред да ги префрлите на решетка за целосно да се изладат. Уживајте и сладете се!