Поделени мислења за „Патлиџан туризмот“: Хероизам или примитивизам е ваквото однесување?

Сезоната на летни одмори е во полн ек. Социјалните мрежи, како по традиција, се преполни со фотографии од летни селфиња, фотографии од плажите, коктелите, кафињата, порциите морска храна, летни деликатеси и се она што го носи еден летен одмор! 

Ова е фотографија која ги подели мислењата на Македонците! 

Станува збор за феноменот познат како „патлиџан туризам“, а го врзуваат за Балканците! Поразбира леб, домати и паштета на плажа!

Некои се исмеваат на ваквиот „тренд“ на плажа, додека други сметаат дека можеби станува збор за семејства кои вложиле напори своите деца да ги одведат на море или езеро. 

-Јас стварно не знам која е поентава да се исмејуваат луѓе кои јадат домати и паштета на плажа? Па уште им смислија и навредливо име "патлиџан туризам". Во какво болно општество живееме тоа е страшно. Имајте на ум пред да осудите и дискриминирате некој, дека не секаде тече мед и млеко и не секому животот му е мајка. За мене лично овие луѓе во овие тешки времиња кои мака мачат од ден на ден, а сепак успеале да си ги однесат своите деца на одмор се ХЕРОИ. Толку е постот!, е објавата на една жена која вирално се шири. 

-Не можеме сите да крадеме од народот и си дозволиме 3 пати шетање по туристички дестинации и all inclusive. Ама да , овие луѓе што чесно и поштено, вредно си го заработуваат парчето леб и успеваат да ги прошетаат децата, се херои. Во денешно време плаќање на сметки, полн фрижидер и одмор станаа луксуз, вели активистиката за заштита на работниците Кристина Ампева. 

-Се си е во ред, ама можеш пред да излезеш на плажа убаво на лепчиња да си намачкаш паштета, да си направиш сендвичи по твој избор, да ги завиткаш во фолија, малку овошје во пластично, ранец, кој е во можност и мало фрижидерче за пијалоци, не вака распашој, гласи коментар на друга жена.

Еве дел од другите коментари:

-Немаат сите илјадници евра да трошат по хотели.... Или ко некои чалам да се напраат демек кај биле на одмор а после тоа трпат за леб...

-Секоја чест, кога можат странците да јадат кришка и патлиџан и да го прошетат цел Јадран, можат и нашите. Тука нема ништо срамно. Секој да си гледа за себе. Вакво исмејување има само кај невоспитани луѓе.

- Кола преполна до кров со патлиџани, пиперки. Смешно е. Срамно е.