Под закана со остар предмет, скопјанец ограбен во Центар

35-годишен скопјанец бил ограбен под закана со остар предмет во Центар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(35) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар, едно машко лице со закана со остар предмет му одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.