ПОД ЗАКАНА СО НОЖ: Ограбена пошта во Скопје

Под закана со нож, разбојник, успеал да ограби експозитура на Mакедонски пошти во Скопје, при што зел 80.000 денари.

Имено, грабежот се случил во средата во 9:30 часот во Скопје, на ул.„Тале Христов“, во експозитура на АД „Македонски Пошти“.

Непознато лице со закана со нож извршило разбојништво врз вработената. Притоа сторителот одзел околу 80.000 денари. 

Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.