Почнуваме да личиме на нашите мајки кога ќе наполниме 33 години

 

Кога сме млади, постојано слушаме дека сите ќе станеме како нашите мајки кога ќе станеме возрасни. И знаете што? Науката докажа дека тоа е навистина така. 

Едно ново истражување на д-р Жулијан де Силва од Велика Британија тврди дека сите ние ги добиваме карактеристиките на нашите родители, а тоа може да се случи и многу порано отколку што мислиме. 

Неговото истражување опфатило повеќе од 2000 луѓе, во периодите кога почнале да се чувствуваат, но и да се однесуваат како своите родители, како на пример: почнале да ги гледаат истите програми, почнале да им се допаѓаат истите работи, па дури и да ги користат истите изреки.

Дознал дека 52% од испитаничките почнале да се однесуваат како своите мајки во периодот од 30 до 33 години, за 26% тој период започнал во перидот од 35 до 40 години, а околу 10% во перидот од 40-50 години.

А зошто таа преобразба се случува во 30-тите години?

Де Силва верува дека тоа е поврзано со родителството: кога човек почнува да ги воспитува своите деца, однесувањето се заснова на тоа како човек е растен.