Владата го прифати предлогот на Кризниот штаб за олеснување на рестриктивните мерки - полицискиот час ќе започнува од 23 часот и ќе трае до следното утро до 5 часот.
Угостителските објекти ќе бидат отворени до 22.30 часот, со тоа што останува на сила мерката за работа само на отворените делови и летните тераси, согласно досегашните препораки за растојание меѓу масите, ограничување на четири лица на една маса, како и на секоја да има дезинфекциска течност за раце.
Дополнително, прифатен е и стапува на сила предлогот за задолжителен карантин на сите домашни и странски лица кои ќе допатуваат од Индија или Бразил.