Почнува сезоната на Водолиите: Што ги очекува хороскопските знаци?

На 21 јануари почнува сезоната на иновативните Водолии. 

Photo by Mike Kilcoyne on Unsplash

Оваа сезона е посебна бидејќи од 23 јануари сите планети почнуваат да се движат директно. 

Што ги очекува хороскопските знаци за време на владеењето на Водолијата?

Овен

Младата Месечина во Водолија на 21 јануари ја отвора вратата за лунарната нова година, носејќи ви бран на свежа енергија. Ова е месечина која ви ги разјаснува целите за наредниот месец и ве насочува на тоа што сте сакате да се фокусирате во натамошниот период. Со вашата владејачка планета Марс, која сега почнува да се движи директно, да добиете засилена енергија и ментална јаснотија. 

Ако се сомневате дека нешто се случува зад кулисите, работите ќе бидат појасни за време на сезоната на Водолиите, овозможувајќи ви да ја осознаете вистината. Без големи ретроградни планети за време на овој период, ова е одлично време за напредок кон исполнување на целите и проектите кои посакувате да ги остварите. Ако работевте на проект кој се соочи со застој, енергијата на оваа сезона ќе биде на ваша страна. 

Полната Месечина во Лав на 5 февруари ќе се движи во согласност со вашата огнена природа. Тоа ќе ви донесе можност да се ослободите и опуштите или пак да кажете збогум на нешто или некој кој не ви носи убаво расположение. 

Бик

Под светлината на младата Месечина на 21 јануари ќе добиете налет на убава енергија, која ќе донесе свежина и убави чувства. Искористете го овој транзит за да поставите цели за наредниот период и да размислите за тоа што сакате да го подобрите во својот живот.  Доколку постои проект кој би сакале да го започнете, сезоната на Водолиите ви носи поддршка за тоа. 

Уран е во вашиот знак од 2018 година, а ако сте родени рано во сезоната на Биковите веројатно веќе ги забележувате промените и будењата кои беа актуелни во овој период. Сега Уран почнува да се движи директно, па така сега е вашата можност. Одете напред, сонувајте и целете високо. Полната Месечина во Лав на 3 февруари ќе ве насочи кон вашето срце, односно она што го чувствувате длабоко во себе, а го чувате скриено од другите.

Близнаци

Вашата владејачка планета Меркур го напушти своето ретроградно движење на 18 јануари и сега веќе е директна, носејќи ви јаснотија и полесна комуникација со другите. Ја имате поддршката на ваша страна и време е да се ослободите од маглата која ви носете проблеми во комуникацијата и носењето одлуки. Сега и Марс патува директно, што ќе ви донесе олеснување. Оваа планета помина долго време во вашиот знак и сега со своето директно движење ќе ви помогне да ја усогласите својата мотивација и да одлучите како ја трошите својата енергија. Но, Марс носи и одредени стравови на површина и ве охрабрува да се соочите со нив. Живејте го животот во целост и не се плашете. 

Полната Месечина на 3 февруари ќе ви донесе можност да одлучите што ви е важно. Ова е одличен момент за комуникација и пишување проекти.

Рак

Оваа година ви носи голем поттик да зачекорите кон својата вистина. Кај вас постои чувство дека животот ви се менува, но ова е резултат на вашите мисли и дела. Младата Месечина на 21 јануари ви го носи првиот силен бран на ваквата смена. Влегува свежа енергија во вашиот живот што ќе ви помогне да ги промените своите приоритети и да се фокусирате на она што е навистина важно. 

Ако забележите дека вашата мотивација има одредени падови, само запрашајте се дали сте посветени на вистинските цели. Планетите кои почнуваат да се движат директно по 23 јануари ви овозможуваат да завршите многу важни обврски. Ова е сјајно време да се фокусирате на она што треба да го направите. 

Полната Месечина во Лав на почетокот на февруари е точка на кулминација која ви носи награди. Подгответе се да создавате убави спомени под влијанието на овој транзит.

Лав

Водолиите се наспроти вас во хороскопот, па така за вас ќе владее хармонија за време на нивното владеење. Од декември 2020, Сатурн индиректно можеби ви испраќал тестови и знаци и секако сте го почувствувале неговото присуство, особено ако сте избегнувале да преземете одговорност за некои постапки во вашиот живот. Неговата енергија не е лоша, но ве учи како да бидете на вистинската страна, а во согласност со своите вредности. Младата Месечина на 21 јануари носи големи промени за вас, подгответе се!

Девица

Сезоната на Водолиите е време да ги разјасните своите цели, соништа и желби, но и она на што сакате да се фокусирате во текот на следните месеци. Со Марс и Меркур кои се директни, ќе ви биде полесно да утврдите што сакате и кои одлуки треба да ги донесете. Младата Месечина на 21 јануари е ваша можност да разјасните кого сакате да поканите во својот живот. Време е да ја манифестирате својата иднина.  Ако ви е потребна помош, оваа млада МЕсечина е и време кога треба да побарате помош или да се ослободите од контролата. Во февруари, со полната Месечина ќе пронајдете леснотија и подобро расположение.

Вага

За Вагите, овој период носи леснотија. Со почетокот на сезоната на Водолиите ја имаме и младата Месечина која носи свежа енергија и охрабрување да се фокусирате на вашите желби. Освен тоа, со ова се означува и почетокот на новата лунарна година, што дополнително ќе ве поттикне да поработите на она што го сакате. Не се збунувајте, само очекувајте подобро расположение и енергија. 

Полната Месечина на почетокот на февруари ќе ви помогне да се излечите од некои рани од минатото. 

Шкорпија

Изминатата година ви донесе значајни промени поврзани со помрачувањата кои беа во вашиот знак. Но, иако 2023 ви носи повеќе помрачувања во Шкорпија, сепак нивната енергија нема да биде толку интензивна. Па така, можете да бидете сигурни дека трансформативната енергија е завршена. Сега сте во еден убав период, па така само бидете трпеливи. Облаците ќе се раздвојат и ќе успеете да го видите сонцето.

Ќе успеете да си ја повратите позитивната енергија за време на сезоната на Водолиите. Поставете ги оние важна прашања на што сакате да се фокусирате и како сакате да ја искористите својата енергија и водете се од тоа. Младата Месечина во Водолија ќе ви донесе свежа енергија, а веќе во февруари со полната Месечина во Лав ќе ја најдете љубовта која ја заслужувате. Но, можно е да морате да се откажете од оние уверувања кои ве спречуваат да се чувствувате сакано.

Стрелец

Младата Месечина на 21 јануари ви носи потенцијал за промени. Искористете го тоа за да поставите јасни цели и да разјасните што сакате да поканите во својот живот. Ова е добар момент да бидете сами со себеси и да размислите. Ако некој или нешто ви ја троши енергијата, соберете мотивација да се ослободите од тоа. 

Имате силна позитивна енергија за напредок која дополнително ќе биде интензивирана со светлината на полната Месечина во Лав.

Јарец

Сонцето го напушти вашиот знак, а сега можеби ви недостасува неговата топлина. Но, со сите директни планети по 23 јануари ќе ја почувствувате јаснотијата која ви е потребна за да ги решите конфликтите и да погледнете во својот внатрешен свет. Младата Месечина става фокус на вашите финансии, а од понеделник планетите ви носат голема поддршка. Фокусирајте се  на нештата кои ви се важни. 

Само бидете внимателни околу полната Месечина на почетокот на февруари бидејќи таа носи тешки и интензивни чувства за вас. 

Водолија

Ова е ваша сезона, драги Водолии. Имате целосна поддршка од сонцето да блеснете во сиот свој сјај со самодоверба, а останатите планети ви даваат поддршка да го постигнете она што го имате замислено. Полната Месечина на почетокот на февруари ви носи љубовна магија и емпатија. Уживајте во љубовта и вниманието кое го добивате од другите.

Риби

Штом Сонцето заврши со патувањето во сезоната на Водолиите ќе ви се придружи вам, но пред тоа ќе треба да се ослободите од старата енергија и некои начини на однесување и размислување кои не се добри за вас, а дури потоа да се подготвите за вашата сезона. 

Ова е период на чистење, поставување цели и средување на вашиот дом и живот. Дури и букет цвеќе во вашиот дом има потенцијал да го смени вашиот поглед на светот.