Почнете сѐ почесто гласно да велите: „Не ми е гајле“!

Не размислувај за тоа што би можело да се случи еден ден, затоа што прашањето е дали воопшто ќе го доживееш тој ден за кој се грижиш. Не се грижи за тоа што се случува некаде таму во светот, затоа што твојата моќ и влијание се протега само онаму до каде што допираат твоите зборови и тело, понатаму од тоа не можеш никого и ништо да промениш.  На глас кажи: „Не ми е гајле“ и заборави на луѓето кои постојано се жалат од другите. 

Можеби не сакаат да знаат дека има многу работа која треба да ја завршат во врска со себе, па полесно им е да влезат во туѓите животи и тоа им е само изговор за да не менуваат ништо во својот. Не гледај како се однесуваат другите, што прават другите, кој каде оди, какви намери има, затоа што не ја знаете нивната приказна, па и не може да им судите. Дозволете им на другите да си го живеат својот живот, ако можете да им помогнете – помогнете им, ако не – не им пречете.  

Кажете: „Не ми е гајле“ и престанете да размислувате за минатото. Престанете да се замарате околу тоа „што би било кога би било“ и почнете да дејствувате. Избришете ги грижите за она коешто не можете да го промените, она на кое не можете да влијаете, затоа што тие грижи само ќе ве скршат и нема да добиете ништо од тоа. 

Кажете „Не ми е гајле“ и престанете да ги прифаќате понуди кои ве омаловажуваат, потценуваат и кои прават да се чувствувате помалку вредни. Бидете доволно трпеливи, почекајте да го добиете она што навистина го заслужувате. 

Кажете „Не ми е гајле“ и свртете се кон позитивни работи. Свртете се кон луѓето кои ве инспирираат да направите нешто вредно и племенито, а заминете си од луѓето кои живеат од негативната енергија. 

Почнете почесто да велите: „Не ми е гајле“, не од себични мотиви, туку едноставно затоа што за поголемиот дел од работите не мора и не може да ви биде гајле, затоа што тука не можете да направите ништо. 

Кога ќе ги отфрлите таквите работи, свртете се кон оние луѓе за кои се грижите и со кои и за кои живеете!