Почна реконструкцијата на улицата „Радишанска“

Денеска почна реконструкцијата на улицата „Радишанска“.

- Почна ремонтот на „Радишанска“ од трет влез до последна 57. Мило ми е што почна да се реализира проектот за кој лично се залагав пред изборите, но уште повеќе по изборите, кажа градоначалникот Дарко Костовски.

Општината претходно почна и со градежни активности во селото Љубанци, каде што се работи на неколку улици.