- Отпочнавме со реконструкција на пешачката улица во населба Александрија! Со овој проект, ја подобруваме инфраструктурата и го правиме нашето секојдневие побезбедно и поудобно, информираше градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
Оваа улица ќе биде целосно обновена со модерен и функционален дизајн, кој ќе ја направи уште попривлечна за жителите и посетителите. Секој чекор е важен кон подобра иднина за нашата општина! - додава првиот човек на општината кој вети дека продолжуваат заедно да градат поубаво и поуредено Ѓорче Петров!