Утрово трагична вест ја потресе македонската спортска јавност - почина Милан Кубин, еден од најистакнатите кик-боксери во земјава.
Колегите и неговите бројни обожаватели се простуваат од него преку социјалните мрежи, изразувајќи длабоко жалење за загубата на овој врвен спортист.
„Почивај во мир Милан, хиено аеродромска. Аеродром нема да те заборави“ - објавија на Инстаграм страницата familyaerodrom1997.
Кубин беше повеќегодишен член на македонската репрезентација во кик-бокс и дел од скопскиот кик-бокс клуб "Гладијатор"....
Кубин е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓукои сребрениот медал на кик бокс Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години. Беше прогласен за најдобар спортист на Град Скопје во 2016 година.