Почината жирафата Того од скопската зоолошка градина

Од Зоолошката градина во Скопје, вечерва информираа дека починала жирафата Тобого.

 Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати, објавија од скопската зоолошка на фејсбук.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.

Роден е во Франкфурт во 2010 година, а жител на Скопје ЗОО беше од 5.11 2013 година.

Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување, додаваат од зоолошката во својата објава.