Почината скопјанка пронајдена во нејзиниот дом

Синоќа била пронајдена почината 65-годишна жена во својот дом во Скопје.

- На 06.03.2023 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во кој престојува била пронајдена почината С.М.(65) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.