Починал на пат кон болница - Скопјанец настрадал при старување на тракторот

73-годишник од скопско село починал на пат кон болница откако бил зафатен од собирачка на трактор кој го стартувал. Несреќата се случила вчера во село Грушино. 

- На 08.06.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје од приватна здравствена установа од с.Арачиново, скопско, е пријавено дека кај нив бил донесен починат И.Ш.(73) од село Грушино, скопско. Полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со братот на починатиот, кој изјавил дека при стартување на трактор, на кој имало поставено собирачка за сено и кој бил ставен во брзина, тракторот почнал да се движи, при што И.Ш. го зафатила собирачката. На пат кон здравствената установа, тој починал.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.