Почина Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци

Утрово во 6:40 часот почина Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци.

Зоки Фаци почина по долга борба со ракот. Веста за неговата смрт ја објави водителот Стефан Лазаров на својата Фејсбук страница.

„По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите. Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам“, напиша Лазаров.

Зоки Фаци важеше за еден од најпровокативни естрадни новинари во Македонија.

Кариерата ја почна во дневниот весник „Вест“, а потоа работеша како водител на естрадниот магазин „Фаци“ во А1 телевизија, од каде што го доби и прекарот кој го следеше цела негова кариера.

Последниот професионален ангажман го имаше заедно со Стефан Лазаров, во нивниот заеднички поткаст.