
Жената која беше прегазена на улицата „Народен фронт“ во скопски центар, починала попладнево, велат од Ургентниот центар каде беше пренесена по сообраќајката.
МВР сѐ уште трага по возачот, кој ја прегазил жената која е на возраст од околу 75 години, во близина на ТЦ „Зебра“ и избегал.
На улицата беше видлива крв на коловозот и скршен ретровизор. Полицијата сѐ уште врши увид на местото на несреќата.