Почина затвореник

На 01.07.2020 во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен со влошена здравствена состојба Е.Б.(59) од Тетово, кој издржувал казна затвор во КПУ „Идризово“.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.