Почина таткото на тепаната девојка од Штип, таа тврди дека е жртва на закани

Поради притисокот и проблемите со кои во изминатиот период се соочуваше семејство на девојката од Штип за која јавноста виде како момчиња ја тепаат не го издржа нејзиниот татко кој почина. Му откажа срцето. Тој и беше единствената поткрепа во животот.

Пред да почине татко и, мајка и е згрижена во психијатриска установа. Единствена поткрепа во овие тешки моменти е семејството на чичко и. Алфа телевизија стапи во контакт со него но не сака јавно да зборува, образложувајки дека душевната болка и состојбата во која се наога неговата внука е многу тешка. Потврди дека и е потребна финансиска помош, затоа што наследила кредити во висина од над 200.000 денари. Во куќата во која живее девојката треба да се изведе дополнителен приклучок за струја, а за тоа се потребни пари кои таа не може да ги плати бидејки е неврботена, објaснува чичкото.

Има само една голема желаба да си го врати едногодишното дете, кое е дадено на згрижување. За алфа вели дека тоа и е мотивација да продолжи со животот понатаму. Прв чекор до реализирање на желбата е вработување. Објаснува дека живее во страв. Тврди дека добива закани по живот од двајцата насилници.

Во случајот активно со правна помош се вклучени невладината организација ЕХО и социјалните работници од штипскиот Центар за социјални работи. Доделена и е еднократна парична помош, а со од вчера, ќе биде корисник на социјална помош во висина од 4000денари. Преку Агенцијата за вработување се прават напори да и се обезбеди и вработување..

Девојката, вниманието на јавноста го привлече откако минатиот месец на социјалните мрежи се појави видео клип каде што се гледа како ја тепаат во влез на зграда. Двајцата сторители експресно беа откриено, а судот им изрече казна во висина од по 2,6години.

извор: alfa.mk