Почина поранешен тренер на Металург

По кратко боледување вчера, во својата 62 година, почина долгогодишниот член на балканската ракометна заедница, ракометарот и тренер Славко Новаковиќ.

Одличен ракометар на Металопластика Шабац, но и тренер на бројни екипи, Новаковиќ зад себе остави длабока трага.

Новаковиќ два пати беше тренер во Автокоманда, првиот пат во целата сезона 2003/4, а вториот пат половина од сезоната 2006/7.