Почина ортопедскиот хирург Тодор Ношпал

На 60-годишна возраст денеска во Скопје почина познатиот ортопедски хирург д-р Тодор Ношпал.

Тој дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 1986 година. Од дипломирањето, па сè до 2012 година работеше на Клиниката за ортопедски болести, каде извршуваше и раководни функции.

Потоа неколку години работеше во приватни болници, а во 2020 година отвори приватна пракса „Ортопедија Ношпал“

Има објавено над 70 стручни и научни публикации на 30 конгреси во земјава и странство и извршил над 7 000 ортопедски операции од кои 80 отсто примарни имплатации и ревизии на ендопротези на колк и колено.

Тодор Ношпал на локалните избори лани во октомври беше кандидат за градоначалник на Скопје од партијата Интегра.