Бебе старо осум дена вчера починало на Клиниката за детски болести во Скопје, потврдиле оттаму за МИА.
Бебето било донесено од Струмица во тешка здравствена состојба.
Од Клиниката посочиле дека се работи за предвремено родено бебе со мала тежина и со тешка форма на сепса.