Почина Нина Спирова

Една од најпознатите македонски пејачки на сите времиња, Нина Спирова, почина денеска. Спирова е родена на 26 октомври 1938 година во Прилеп.

Родена е на 26 октомври 1938 година во Прилеп. Една е од од најпознатите пејачки од овие простори. Со нејзиниот кадифен и милозвучен моќен глас остави трајни вредности, музички записи на забавни мелодии како и староградски македонски песни меѓу кои и: „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“ и многу други.

До крајот на животот остана ненаметлива и повлечена, а скоро ништо не се знаеше за нејзината приватност. Славната Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 80-тите години и сега веќе претставува дел од македонското музичко минато, но кое се памти.

Има учествувано на првите изданија на Скопскиот фестивал, а голем успех постигна и на фестивалите “Опатија – мјузик-фестивал“ кога победи со “Еден бакнеж….“ како и на “Белградска пролет“. Соработувала со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски. Снимила над 80 шлагери од кои поголемиот број се хитовите: „Молчи, молчи љубов моја“, „Еден бакнеж песни рој“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“ итн….