Автомобил прегази 79-годишен пешак во Кичево, на улицата “Кузман Јосифоски-Питу“, по што удри во паркиран автомобил. Пешакот починал на лице место.
„На 19.08.2022 во 18.15 часот било пријавено дека во Кичево на ул.“Кузман Јосифоски-Питу“ патничко моторно возило “туран“ со кичевски регистарски ознаки управувано од М.С.(20) од Кичево удрило во Д.Ц.(79) од Кичево, а потоа во паркирано патничко моторно возило “ауди“ со кичевски регистарски ознаки паркирано од П.З.(27) од Кичево. Во несреќата на местото на настанот починала Д.Ц. а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош“, се наведува во извештајот на МВР.
Извршен бил увид на местото на несреќата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.