Почина млада битолчанка на битолското инфективно одделение

Битолското инфективно одделение извести дека починала млада пациентка, на само 33-годишна возраст. 

Како што наведува „Независен“, таа била примена со симптоми на ковид-19, но се уште не е потврдено дали била позитивна на коронавирус. Поради тоа е наредена медицинска обдукција, за да се утврди причината за таквата смрт. 

Жената починала само неколку часа по хоспитализацијата и поради ваквиот исход, ќе се чека на резултатите од судска медицина, за да се утврдат причините.