Почина маж откако изгуби контрола и со автомобил излета од патот

На 28.04.2019 година во 17:40 часот на локалниот пат с.Крушеани-с.Обршани, прилепско, В.К.(59) од с.Подвис, управувајќи патничко возило „Пежо306“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во болница во Прилеп, каде во 18:40 часот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.