Почина Игор Југ, осуденик за „случувањата во Собрание за 27 април“. Тој издржуваше 12-годишна затворска казна, но во моментов бил на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба.
Југ почина на 54 години, а последниве осум ги помина зад решетки.
Во изминатиот период, Југ бараше слобода и повторување на постапката за „27 април“, со тврдење дека никој од осудените не е терорист, ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.