Почина храбрата Елизабета Бабунска

Почина Елизабета Бабунска, храбрата жена која се бореше со рак на желудникот. Тажната вест вечерва на социјалните мрежи ја сподели отец Оливер Петровски од Хуманитарната органзиација Свети Спас од Драчево, од каде што беше и Елизабета.

Бабунска имаше само 42 години и неколку месеци се бореше со тешката болест. Во јавноста беа објавени повеќе апели, потреба за донации поради лекувањето кое планираше да го продолжи во Турција. Нејзе и бил дијагностициран рак на желудникот, а на интервенција потоа желудникот бил и отстранет. Сепак се утврдило дека има и метастази, па затоа имаше потреба од дополнително лекување.

– Нашата сестра Елизабета се пресели во Царството Небесно и замина од земниот свет… Но не тагувајте, затоа што таа го напушти овој свет и се пресели во Царството Божјо. Таа не умре, а одново се роди за живот вечен… Сестро, ти вечно ќе останеш во нашите срца и во нашите сеќавања!Вечен спомен сестро Елизабета!!!, објави отец Оливер.

Елизабета и нејзиниот сопруг Ивица имаат две деца, ќерката Лина која има 8,5 години и Јаков кој има четири години.