Почина Бранко од Волково, чиј дом изгоре минатата година

Минатата година во септември изгоре домот на Бранко Цветковски, кој беше самохран родител на син со посебни потреби. 

За ова семејство македонската јавност помагаше да им се обезбедат услови за достоинствен живот, апелирајќи на хуманост.

За жал, иако реновирањето на домот е во тек, Бранко не успеа да го дочека крајниот исход. За жал, неодамна тој починал. 

Минатата година во септември лани куќата на ова семејство од Волково целосно изгоре, па таткото неколку месеци спиеше во својот стар автомобил, а 17-годишниот Бојан, кој не може да живее самостојно, на минусни температури спиеше во подрумот, каде нема никакво греење.