Почина Андријана - ќерката на пејачката Јулија

По две години борба со ракот, денес почина Андријана Мициевска, ќерката на пејачката и водителка Јулија.

На социјалните мрежи пријателите веќе се простуваат од Андријана. Таа почина на 41 години, беше сликар и мајка на девојче. 

Пред 3 дена на социјалните мрежи се појави апел од нејзината мајка, која побара луѓето да се помолат за ќерка и Андријана во битката со канцер. 

Пејачката Јулија уште пред две години откри дека нејзината ќерка се бори со опасен рак на дојка и дека е онколошки пациент.