Почина Аки Рахимовски, пејачот на Парни Ваљак

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Ракимовски почина на 66-годишна возраст.

Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна на Парни Ваљак на социјалните мрежи.

Тој пред три години преживеа мозочен удар.

Балканот веќе се збогува со големиот пејач, кој заедно со својот бенд одбележа една голема ера во југословенската музика. Парни Ваљак се обожавани и кај нас. 

Рахимовски голем дел од своето детство го поминал во Скопје, заедно со своето семејство. Многу скопјани од неговата генерација го паметат како свој другар од училишните клупи. 

Деталите за смртта не се познати се уште.