Почекај уште малку: 8 знаци дека дефинитивно не си спремна за својот „прв пат“

Некои работи нема потреба да се избрзуваат, а една од нив е и твојот „прв пат“. Ако се уште не си подготвена, не си подготвена. Нема врска ско другарките веќе ја изгубиле невиноста, за ова да не се мериш со никој.

Притисокот што го имаш зошто твоите врснички го направиле тоа или притисокот од дечкото да го направиш тоа за да му докажеш дека навистина го сакаш, се лоши причини за губење невиност. Вистинското време е тогаш кога си ТИ подготвена. Сите се различни и само што сите други го прават тоа, не значи дека и ти треба да го направиш. Ако овие ситуации ти се познати – сите или само некои од нив, тоа е знак дека уште не си спремна за својот прв пат и дека е подобро да причекаш.

Сите други тоа го прават и мислиш дека и ти треба

Не треба. Не би требало да се согласиш на нешто поради притисокот од другите. Ова важи за сите ситуации во животот, не само за сексот. Тоа мора да биде твоја одлука. Впрочем, многупати ќе се воспостави дека оние кои се најгласни и се фалат за нивниот сексуален живот, тоа воопшто и да не го направиле. Не верувајте на тоа што го кажуваат.

Со дечкото си многу кратко во врска

Можеш ли да кажеш дека си сигурна дека не е со тебе баш поради таа причина? Кога сте во врска само неколку недели или неколку месеци, тоа се смета за кратка врска и може да излезе дека дечкото само сакал да те искористи. Колку и да звучи добро и убаво, зборува дека ти си му сѐ и дека ве сака, сето тоа може да биде само негова тактика.

Сакаш претходно да се напиеш за да бидеш помалку нервозна

Во ред е да си малку нервозна, но до толку да сакаш да се опиеш за да се опуштиш? Тоа е знак дека никако не си подготвена.

Дечкото ти поставил ултиматум

Дека ќе те остави или дека не го сакаш ако не прифатиш да имаш секс со него. Тоа не би требало да те натера да имаш секс со него, туку да те натера веднаш да ја прекинеш врската. Секој дечко кој ти дава ваков ултиматум нема добра намера. Оној кому навистина сте му важна, тој ќе чека додека не бидеш спремна.

Се срамиш да зборуваш за секс

Ако се уште не ти е згодно да зборуваш за секс, зошто мислиш дека си подготвена тоа да го направиш? Ако се срамиш и за вакви теми кои и понатаму се табу тема не ти е згодно да зборуваш, можеби е знак дека не си подготвена, особено ако за оваа тема не можеш да зборуваш со партнерот.

Веќе долго време сте заедно и време е врската да ја подигнете на едно повисоко ниво

Постојат и други начини врската да подигнете на повисоко ниво. Немој да мислиш дека постои момент во врската кога е време за прв сексуален однос. Тој не постои и се зависи од тоа кога и двајцата ќе бидете подготвени. Нема врска колку долго сте заедно, ако не се чувствуваш подготвена и се двоумиш, тоаш се уште не е време.

Не си 100% сигурна

Ако и мал дел од тебе се двоуми и мисли дека тоа не е добра идеја – немој! Твојот инстинкт ти кажува дека не си подготвена и треба да го слушаш. Дури и веќе да си се согласила, во кое било време можеш да се предомислиш.

Би се нафатила на секс без заштита само ако твојот партнер го побара тоа

Ова само покажува дека не си доволно информирана за сексот и дека не си ну подготвена за него. Сѐ додека не сфатиш колку е важна заштитата, не само за да се заштитиш од можна бременост, туку и од сексуално преносливи болести, подобро е да почекаш. Информирај се добро пред да одлучиш да го направиш тој чекор.