ПОЦ: За една недела санкционирани 129 непрописно паркирани возила

ЈП ПОЦ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во текот на една недела санкционираа 129 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Апелираме до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници и да се реши проблемот со непрописното паркирање.