ПОЦ со нови инфо табли, паркирачите реагираат што не се и на албански јазик

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје неодамна постави нови информативни табли со современ дизајн и вграден QR-код кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка

Но, овој новитет наиде на низа критики од страна на корисниците. 

- Вратете ги гостинските саати да се трошат додека не ги потрошиш,а не да важат еден месец. Подобро да му платам 3ч паркинг на гостинот одколку да ставам 350 ден и да ми пропаднат, реагира еден скопјанец. 

Жителите се жалат и за високите цени за паркинг. 

- 100 денари за час се многу, коментира една скопјанка.

Друг вели дека цената е соодветна со оглед дека станува збор за строг центар. 

- Спроти „Јосип Броз“ е 250 денари. И во другите главни градови во строг центар цените за паркирање се превисоки. 

- Во Дебар Маало качете ги цените, неколку редари и нема да има хаос во паркирање, предлага скопјанка. 

Има реакции и дека нема информации на албански јазик на информативните табли.