По промената на улиците, фирмите ќе ја менуваат и комплетната документација

Откако Советот на Град Скопје ја усвои листата на регистарот на имиња на улици, градоначалникот Шилегов на Фејсбук објави дека целата процедура повлекува и други импликации, а фирмите се особено засегнати. 

По реакциите на граѓаните, Шилегов објасни дека нивните документи ќе важат до моментот на нивното истекување и нема потреба да ги менуваат порано поради промената на имињата на улиците во главниот град. Меѓутоа, што се однесува до компаниите, тие ќе мора да ја средат целосната документација, со оглед на тоа што секоја промена треба да биде пријавена и внесена во Централниот регистар. 

Ова ќе доведе до дополнителни трошоци за компаниите, поради тоа што ќе мора да ги внесат промените во сите валидни документи, кои ќе мора да ги содржат новите податоци, односно во овој случај седиштето на фирмата.