По повод 57 годишнината од скопскиот земјотрес ќе бидат прикажани два документарни филма

v

По повод 57 годишнината од скопскиот земјотрес, Кинотеката на Македонија и Македонскиот центар за фотографија ве покануваат на премиерното прикажување на два документарни филмови:
„Првата светска војна, сеќавања” (WW1 REMEMBERING) на авторот Роберт Јанкулоски
и “Преживеани спомени” (Surviving Memories) на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска

На проекцијата ќе се обрати амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Зутер Техада (Sybille Suter Tejada).

„Првата светска војна, сеќавања” е посветен на македонскиот фронт и на жртвите од Првата светска војна. Филмот е сниман во Македонија, Србија и Швајцарија а финансиски е поддржан од амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија.

Филмот „Преживеани спомени” е дел од проектот „Фотографијата сведок или жртва” реализиран од страна на МЦФ во 2014 година во кој осум наши сограѓани, евоцираат спомени како го преживеале земјотресот од 1963 година и што е она што засекогаш ќе го паметат од тоа летно утро. Филмот е направен како дел од покомплексна уметничка инсталација и за прв пат се проектира надвор од поставката.Овој проект беше финансиран од Амбасадата на Холандија во Северна Македонија.

Кинотеката ги воведе следниве правила за безбедност:

– Задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот
– Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот
– Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата
– Пушењето за време на проекција е непожелно
– Забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни)