По повеќедневната потрага, дедо Јане пронајден починат на Осогово

По повеќедневната потрага по дедо Јане од селото Јастребник на планината Осогово, денеска е потврдена веста дека тој е пронајден починат во планински предел.

Тој бил пријавен за исчезнат, по што во изминатите денови се спроведувала интензивна потрага по него во поширокиот планински регион. Исто така, според првичните информации, починатиот боледувал од деменција, што дополнително ја отежнувало потрагата и неговата ориентација во просторот.

Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот, а телото ќе биде предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, со цел да се утврдат сите околности за смртта.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.