По повеќе од еден месец потрага, пронајдено телото на исчезнато лице

Вчера во Волково било пронајдено тело на починато лице. 

Притоа, утврдено е дека се работи за Ж.С.(40) од Скопје, за кој на 09.12.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.