
Се реализира уште едно децениско барање на жителите на Бутел.
Градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните работи на улицата Боро Кралевски која во рекордно брзо време се завршува.
Улицата е со површина од 4000 квадратни метри и должина од 568 метри.
-Повеќе од 40 години оваа сообраќајница никој не ја реконструирал. Во изминатиот период ги реконструиравме и улиците Симче Настевски, Киро Димишков и Скоевска. Ова се практично главните сообраќајници во населба Радишани. Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата и работам во нивен интерес, порача Костовски од терен и додаде:
- Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.