По неколку децении, реконструирани три спортски игралишта во парк шумата Гази Баба

ЈП Улици и Патишта по налог на градот Скопје целосно ги реконструираше спортските игралишта во парк шумата „Гази Баба“. 

Игралиштата за фудбал, ракомет и кошарка се реконструирани за првпат по неколку децении, а партерно се уредува и зазеленува и теренот околу игралиштата.

Истовремено, екипи на Комунална Хигиена Скопје заедно со екипи на ЈП „Улици и Патишта“ во заедничка акција подигнаа големи количини отпад и шут од парк шумата „Гази Баба“, а инспекторатот на град Скопје активно делува во општината со цел санкционирање на загадувачи, велат од Град Скопје додавајќи дека граѓаните кои живеат на овој дел од градот Скопје, добиваат уште едно катче за спорт и рекреација.