По назначувањето две лица на црната листа на САД, ОЈО ја засилува истрагата

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по предметот оформен по назначувањето две лица на црната листа на САД, презеде дејства во рамките на истрагата.

Според соопштеното од ОЈО, истражител од истражниот центар на Обвинителството ги побара и ги презеде од Судскиот совет сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии што постапувале во предметот познат во јавноста како „Таргет – Тврдина“.

Надлежните појаснуваат дека се преземаат и други дејства за целосно испитување на настанот.