
Денеска претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималните дневни температури низ државата ќе се движат од 12 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната дневна температура се очекува да достигне 16 степени Целзиусови.