По дождливите денови, доаѓаат стабилни температури

Времето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во четврток ќе дува умерен дозасилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури утре ќе се движат од нула до 6 степени, а дневните од 4 до 12 степени.

Од четврток следуваат денови на стабилно време со натпросечни дневни температури, особено за време на викендот, информираат од УХМР.