По четири дена изгаснат пожарот на планината Беласица, зафатени биле околу 20 хектари шума

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека шумскиот повеќедневен пожар што започна на 10 ноември годинава во подножјето планината Беласица помеѓу селата Смолари и Мокрино во општина Ново Село е ликвидиран. Зафатена била површина од околу 20 хектари.

Вчера на терен беа седум вработени и две теренски возила од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ – Струмица. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Струмица од 12.16 до 13.10 часот со четворица пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово во општина Струмица, извести ЦУК.